Македонија

„Жито Лукс“ со донација за Црвен крст го одбележува Светскиот ден за борба против гладот

16 Oct 2020

Со донација на свои производи на Црвениот крст-Скопје, „Жито Лукс“ го одбележува 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладот.

Компанијата донира производи од своето портфолио, лебови, колачи и брашно за ранливите групи и семејствата што се наоѓаат во неповолна социјална состојба. Донираните производи ќе бидат распределени преку мрежата на канцеларијата на Црвениот крст.

Социјално загрозените семејства се редовно во фокусот на нашата општествено одговорна ангажираност. Наоѓаме начини и средства колку што може повеќе да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена во секојдневието на овие семејства. Но недостатокот од средства за живот е реален проблем за многу од нив, и нашата цел е преку донации да бидеме дел од активната борба против гладот и посветеноста кон подобрување на квалитетот на животот на многу македонски семејства. Сакаме да веруваме дека и со оваа донација, со секоја претходна и со секоја следна, даваме позитивен придонес за општеството како целина, велат од „Жито Лукс“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...