Компанијата „Кодинг Горска“ почна да користи зелена енергија, со што стана прва фабрика за вода и сокови во регионот со еколошко производство.
Користењето зелена енергија беше воведено минатиот месец.
Одржливиот начин на живот е само еден чекор понапред кон поголема еко-свест, и е значаен фактор за воспоставување рамнотежа помеѓу човекот и природата, велат од компанијата.
Со користење на сонцето како извор на обновлива енергија, заштедата на средствата за електрична енергија е меѓу 25-30 отсто на годишно ниво. Благодарение на фотоволтаичиот систем за производство на електрична енергија со инсталирана моќност од 614 kW, се спречува емисија на СО2 и се намалува емисијата на штетни гасови.
Со ова придонесуваме за заштита на животната средина и подобрување на секојдневниот живот. Ја чуваме природата и се грижиме за околината, мислејќи на иднината!, порачуваат од „Кодинг Горска“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.