Skopje Marketing Summit 2021

Десет врвни маркетинг-професионалци на Skopje Marketing Summit

12 May 2021

„Reframing the Future!“ или „Преобликување на иднината“ е контекстот под кој агенцијата Кликер маркетинг и редакцијата на трејд-магазинот InStore го најавуваат првиот Skopje Marketing Summit 2021, кој ќе се одржи онлајн на 20 мај.

Предвидувањето и планирањето на иднината во време на невидени глобални промени, никогаш не било потешко. Глобалната пандемија на Ковид-19 ги преобликува животите и барањата на бизнисите и брендовите, а најмногу ги промени навиките на потрошувачите.

Од овој контекст произлегуваат безброј прашања за тоа какви сѐ промени може да очекуваме во понатамошните текови, какви трендови произлегуваат и треба да се следат, како да се водат брендовите кон иднината и конечно како да растат.

На овие интересни прашања одговори и увиди ќе дадат десет врвни маркетинг-професионалци од земјава и од регионот, кои ќе се претстават со презентации.

Заинтересираните што ќе се регистрираат да го следат настанот на 20 мај, онлајн и во живо ќе ги слушнат: Екрем Дупановиќ, оснoвач и уредник на порталите Media Marketing и ART & Business (Босна и Херцеговина); Бранимир Бркљач, искусен почетник, еден од основачите на „Студио Модерна“ (Србија); Лазар Џамиќ, еден од најистакнатите маркетинг и бренд стратези во регионот, екс раководител на секторот за бренд-планирање во Google ZOO, Лондон (Србија); Александра Дилевска, основач на Publicis Groupe, извршен директор на Publicis за Македонија и за Хрватска и оперативен директор за Адриатик Регионот (С. Македонија); Лилиана Каимакан, експерт за иновации, комуникации и деловна стратегија (Англија); Јадранка Накова, искусен маркетинг и комуникациски стратег, (С. Македонија); Лења Фарагуна, маркетинг-стратег и основач на движењето marCareting (Словенија); Данчо Димков, основач и извршен директор на BizzBee Solutions, (С. Македонија); Филип Петровски, основач и извршен директор на Data Masters (С. Македонија) и Дарко Лукиќ, маркетинг-консултант (Србија).

Skopje Marketing Summit е наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот.

Регистрирајте се на следниов линк https://marketing-summit.mk/registration/

Се гледаме онлајн на 20 мај!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...