FMCG Македонија 2020

6 FMCG SUMMIT 2020 руши рекорди во посетеност

27 Nov 2020

Повеќе од 1.500 посетители го проследија 6 FMCG SUMMIT 2020 кој се одржа вчера, онлајн,  во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Со тоа, ова издание на Самитот постави рекорд во посетеност на најголемиот трговски настан во годината.   

Изборот на говорниците и нивните теми во најнеизвесната година за трговскиот сектор и за економијата воопшто, го предизвикаа и го задржаа вниманието на публиката до самиот крај. Имаше бројни прашања од присутните кои стигнаа преку е-маил, Youtube и Zoom. InStore дополнително ќе ги достави одговорите на прашањата кои вчера говорниците не стигнаа да ги одговорат. 

Ексклузивен говорник на 6 FMCG SUMMIT 2020 беше д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, на темата „Зошто треба да правите реинвенција на вашата компанија секои три години?". Нејзината најнова книга е „Како да научиме не само да преживееме во оваа нова реалност, туку и да напредуваме“ (The Chief Reinvention Officer Handbook: How to Thrive in Chaos). Од оваа книга можат бесплатно да се симнат 85 страници, на следниот линк

Говорници на 6 FMCG SUMMIT 2020 беа: 

 Ана Јеличиќ од „Design Thinkers Academy“ (Србија), која зборуваше за Design Thinking како начин на делување; Поликарп Арсеновски, генерален менаџер на „Thrivity“ посочи кој е патот до вистинските луѓе; Иван Крушковиќ од „Нилсен“(Србија) се осврна на темата „Креирање вредност преку оптимизација на полиците", а Митка Мојсовска од КОЛА го пренесе нејзиното искуство за контролингот како клуч за квалитетни бизнис одлуки.

Со Петар Ќорлука, сопственик на “Виолета“ направивме интервју за вистинските потези за успех; Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, зборуваше за илузијата на одговорноста, а Антонио Зрилиќ од „Логико“, Хрватска, ги објасни стратегиите за еластичен синџир на снабдување пост - Ковид. Кина Демирел од „Migros Ticaret A.Ş”, Турција говореше на темата „Нова лојалност во новата реалност", а Филип Станковиќ , од „Филип Морис Интернешнал“, „Нојшател“ Швајцарија, ги кажа научните докази зад новите тутунски производи. 

Генерален спонозор на Самитот беше Atlantis, а спонзори Pringles, Sütaş , Ramstore, NLB  Banka, Пивара - Скопје, Пакомак, THRIVITY и GURMANO. 

InStore и „Кликер маркетинг“ Ве очекуваат на следниот, 7 FMCG SUMMIT в година!

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...