FMCG Македонија 2020

Утре ќе се одржи 6 FMCG Summit Скопје - над 800 регистрирани учесници

25 Nov 2020

Утре ќе се одржи 6 FMCG Summit Скопје 2020, најголемиот настан во трговскиот сектор во Македонија, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Наменет е за трговци, производители, дистрибутери, придружната индустрија и за сите професионалци од FMCG секторот на кои им е важно да ги знаат актуелните трендови, да ги прошират своите видици и да ги надградат своите знаења.Досега има повеќе од 800 регистрирани учесници. 
 
За првпат, поради новата ситуација, Самитот ќе биде онлајн и целосно бесплатен за следење, а со тоа достапен за многу поширока публика.

6 FMCG Summit Скопје 2020 може да го следите на овој линк: YouTube - https://www.youtube.com/watch?v=Ur7WGUT7c1M&feature=youtu.be  и на следниве платформи: 

LinkedIn  @InStore - MK 
FB @instoremk
Zoom - https://us02web.zoom.us/j/83685756010?pwd=QkdMYmZ3Nmo0ME50Y0RaaGF1KzFkdz09

Ексклузивен говорник е д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор. Нејзиниот потесен интерес и специјализација се во доменот на реинвенција. Како консултант, Надја им помага на организациите како The Coca-Cola Company, Henkel, ENRC PLC, IBM, CISCO, Erste Bank, Knauf Insulation, Vienna Insurance Group и многу други за да ги пронајдат своите производи, процеси и лидерски практики. 

Говорници се: 

-Антонио Зрилиќ, eксперт за Supply Chain и логистика и основач на компанијата „Логико“;

-Кина Демирел, директор за маркетинг комуникација и CRM во Migros Ticaret A.Ş.

-Иван Крушковиќ, SEFF Commercial Leader Adriatic's во „Нилсен“

-Митка Мојсовска, финансов директoр на "КОЛА" Скопје

-Ана Јеличиќ, партнер и сениор фасилитатор DesignThinkers Academy Adriatic

-Петар Ќорлука, сопственик на “Виолета“, БиХ

-Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, консултант за организациски развој, била одговорна за Category Management и Mercator S и Delhaize

-Поликарп Арсеновски, основач и генерален менаџер на THRIVITY

-Филип Станковиќ, научник за карактеризација на производи, Сектор за истражување и развој на Филип Морис Интернешнал, Нојшател Швајцарија

Програмата можете да ја видите тука. 

Генерален спонозор на Самитот е Atlantis. Спонзори се: Pringles, Sütaş , Ramstore, NLB  Banka, Пивара - Скопје, Пакомак, THRIVITY и GURMANO. 

 


 
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...