Народното собрание на Република Србија вчера, 6 мај, ја укина вонредната состојба, воведена на 15 март поради пандемијата.
Утрово во 5 часот е завршен и последниот полициски час, откако Собранието ја укина вонредната состојба.
Од денес сите граѓани во Србија можат да се движат без ограничувања. На сила се вонредни мерки, бидејќи и понатаму е прогласена епидемија од посебно значење.
Укинати се и 11 уредби кои важеа за време на вонредната состојба, а се однесуваат на организацијата на работење, на даночните мерки, начинот на задолжување, учество во кривичните постапки и др.
До среда во 15:00 часот од последици предизвикани од корона вирусот починале 203 луѓе, а вирусот е регистриран кај 9.791 лице. Во светот повеќе од 3,8 милиони луѓе се заразени, а повеќе од 263.000 починати.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.