На 10 FMCG Summit кој ќе се одржи на 31 октомври во „Александар Палас“, Анита Спасовска користејќи ги НЛП методите, за разбирање на тактиките и предвидување на реакциите, ќе ни открие како да ги надминеме предизвиците и да станеме велемајстор во преговарањето.
Преговарањето е како партија шах. Секој потег е клучен, а стратегијата игра централна улога. Како што шахистот ги анализира потезите на противникот, така и ние ќе истражиме како да ги одбраниме нашите позиции, полесно да ги разбереме ставовите на другата страна и да ги подобриме нашите преговарачки вештини.
Анита Спасовска е магистер на економски науки, МБА-менаџмент, НЛП тренер и асистент на NLP Institute Slavica Squire и Генерален менаџер на Вајз консалтинг.
Нејзиното професионално искуство го започнува во приватна компанија во одделот за сметководство уште пред почеток на студиите на Економски факултет при Универзитетот Кирил и Методиј каде што дипломира, а подоцна и магистрира на тема “Мотивација и креирање мотивациско однесување на вработените”.
Својот професионален успех го достигнува како Генерален извршен директор во млекарата “Бучен Козјак” каде што придонесува за растење и зајакнување на брендот и од локална млекара да израсне во една од најголемите млекари во државата. Во текот на нејзиното работење се стекнала со меѓународни и домашни признанија и награди.
Има реализирано над 75 семинари, тренинзи, обуки, работилници и мотивациски предавања. Често пати знае да каже дека сите зборуваме, но многу малку знаеме да комуницираме.
Резервирајте го 31 октомври и проследете ги најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 189 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 179 евра по лице
За 7 и повеќе учесници од компанија – 169 евра по лице
*Цените се без ДДВ
Цената за котизација вклучува следење на сите предавања, ручек и кафе пауза за едно лице.
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
info@fmcg-summit.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.