Владата на Србија донесе одлука за привремена забрана на извозот на основните земјоделски прехранбени производи важни за населението – зрна пченица, пченично брашно, пченка и сончогледово масло.
Како што соопшти владата на Србија, таа одлука е донесена за „навремено да се реагира на пазарните нарушувања и растот на побарувачката, како на светскиот, така и на домашниот пазар“.
Иако српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дена најави дека земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, ќе бидат изземени од забраната за извоз на житарки и брашно, тоа не го пишува во соопштениеto на српската влада.
Против забраната за извоз беа извозниците на пченица и пченка, но и самите земјоделци. Воведувањето извозни квоти го гледаа како најдобро и најрационално решение во моментот, а целосната забрана, како што изјавија за „Данас“, ќе го уништи земјоделството и ќе има несогледливи последици.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.