Актуелно

Од вторник зејтин ќе може да се увезува од сите држави, без царина

10 Mar 2022

Владата донела одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед затоа што од почетокот на март надвор биле продадени 330 тони од овој продукт произведен во Македонија.  Забраната е донесена со цел да се стабилизираат цените на пазарот и важи од 19 часот синоќа, кажа министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешниот брифинг со новинарите. 

Одлуката дошла откако Владата увидела дека од 1 март па до вчера има извоз на 330 тони масло за јадење. 

За да бидат пониски цените на зејтинот, Бектеши најави дека од вторник ќе може да се увезува од сите држави без царинска ставка, односно таа за овој производ ќе биде нула отсто. До сега оваа ставка беше само за земјите од ЦЕФТА, а сега нема да има царинење на маслото за јадење што же биде увезено од сите земји. На тој начин повеќе ќе се поттикне конкурентноста, рече министерот за економија. 

Владата размислува да го ограничи и извозот на брашно, како и на други производи, затоа што во последно време има голема побарувачка од Грција и од други земји. Бектеши очекува наскоро овошјето и зеленчукот да поевтини на македонскиот пазар, поради увозот од Турција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...