„Алкалоид“ низ видеоспот во кој деца ја пејат антологиската „Чукни во дрво“ на Влатко Стефановски, го одбележува 85. роденден, со тоа што за секој преглед на видеоспотот компанијата ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести.
Приказната во видеоспотот тргнува од изработка на картички, кои најмалите деца ги подготвуваат во училишниот двор, а се наменети за категории граѓани и професии кои, иако беа засегнати со пандемијата, во ниту еден момент не запреа со своите дејности. Картичките со порака: „Ви благодариме“, Здравјето пред сѐ“, поголемите другари и членовите на бендот ги дистрибуираат до здравствените работници, полицијата, фармацевтите, пекарите, градскиот превоз, уметниците… и други.
Тие се хероите од времето на новото нормално, кои неуморно се грижеа за навремена достава на храна, лекови и други основни намирници, се бореа за секој човечки живот, се грижеа за јавниот ред и мир, за комуналната хигиена, редовниот превоз, доставата и за непречено функционирање на основните потреби на граѓаните за време на пандемијата, соопштија од „Алкалоид“.
Со ова воедно популарната македонска песна „Чукни во дрво“, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија, а авторот Влатко Стефановски довербата овојпат им ја даде на најмладите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.