По тешка болест, почина Марин Пуцар(1970-2021), претседател на Управата на „Подравка“.
Пуцар ја почна својата професионална кариера во прехранбената индустрија „Гавриловиќ“, од која во 2001 година преминува во „Подравка“, каде една година подоцна стана директор за продаќба, маркетинг и развој.
„Еднаш Подравкаш, секогаш Подравкаш“ се зборовите кои тој како претседател на Управата често ги кажуваше во секогаш емотивните обраќања кон вработените. И не беа само зборови. Секој ден, со секоја одлука, активност, проект, состанок или дружење, Марин Пуцар покажуваше колку од своите знаења, искуства, волја и срце ги вгради во „компанијата со срце“, пренесоа хрватските медиуми.
Во 2003 година, тој беше именуван за извршен директор во Хрватска. Во 2017 година беше назначен за претседател на управата на „Подравка“.
Значајното работно искуство, континуираното образование, лидерските способности и неверојатната енергија, ја доведоа „Подравка“ под негово водство до најдобрите резултати во своето 70-годишно постоење. Тоа го препозна и бизнис заедницата така што покрај бројните функции што ги извршуваше, во јуни 2020 година беше избран и за претседател на Хрватското здружение на работодавачи(ХУП). Ти благодариме наш претседателе за се од срце, тоа вистинското „подравско“ кое постојано со гордост го истакнуваше, соопштија вработените во „Подравка“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.