Актуелно

Нови 100 брендови во новиот 100 MUST HAVE 2020/2021

04 ное 2020

Веќе трета година по ред InStore ви овозможува да влезете во престижното друштво на топ-100 брендови во Македонија на уникатен начин, преку специјалното издание 100 MUST HAVE.

И годинава InStore организира избор на топ-100 брендови што секоја подобро снабдена продавница треба да ги има на полиците. Брендовите ќе бидат објавени во специјалното издание 100 MUST HAVE 2020/2021, кое ќе излезе на крајот од ноември. 

Изборот се прави врз основа на телефонска и на теренска анкета што InStore ја спроведува на 50 категории производи. Во специјалното издание ќе има и истражувања од реномирани истражувачки агенции за најновите потрошувачки трендови, перцепцијата на квалитетот и цената, најчесто консумираните/користени македонски и странски брендови, споредба колку македонскиот потрошувач ги преферира македонските и странските брендови според категории...

Целта на проектот 100 MUST HAVE е да ја олесниме работата на трговците и на производителите/дистрибутерите – кај првите за изборот, а кај другите за поставување на производите во малопродажните места низ Македонија. 

Изборот на топ-100 брендови е регионален проект на InStore. Специјални едиции се издаваат во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија.

Вашиот бренд сигурно заслужува да се најде во престижното друштво, не чекајте, обезбедете го местото навреме! 

За повеќе информации за продажбата на огласниот простор, може да нè контактирате на:

тел. +389 70 375 220, srme@instore.mk

тел. +389 71 26 24, meri@instore.mk

100 MUST HAVE 2018/2019

100 MUST HAVE 2019/2020



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Пропадна продажбата на „Карфур“

16 дек 2020

Можно е преземање на „Карфур“ од „Куш-Тар“?

16 дек 2020

Стратегија: Затворајте продавници за да ја зголемите продажбата

16 дек 2020

Почина Марин Пуцар, првиот човек на „Подравка“

16 дек 2020

Извозот во 2020 година паднал за речиси 10 отсто

16 дек 2020

„Кауфланд“ и „Глобус“ го купуваат „Реал“

16 дек 2020
Вчитува уште новости...