Продажба

Е-продажба: Бум на глобалната е-трговија

15 Apr 2020

Дали е новина ако ви кажам дека е-трговијата значително се зголеми?! Секако, не – особено во текот на кризата со Ковид-19. Тоа, секако е познато во FMCG-индутријата. Но, дали знаете колку се зголеми? ​

Image result for Дарко Васелиќ,Пишува: Дарко Васелиќ, менаџер за бизнис-развој за Словенија, Хрватска и БиХ во „Џонсон & Џонсон“

Ќе ви покажам неколку податоци што можеби не ги знаете. Првиот пакет податоци се однесуваат на глобалната е-трговија на сите категории, а потоа ќе разгледаме и некои специфични податоци за FMCG-индутријата, кои се специфични за периодот на корона-кризата.

Околу 1,7 милијарди луѓе во 2019 година купувале преку интернет на глобално ниво. Тоа се однесува на сите категории производи што се продаваат онлајн. Во 2021 година се очекува таа бројка да достигне до 2,2 милијарди луѓе, што е пораст за речиси 30%. Дали кој било трговец што работи според моделот „брик & мортар“ (паралелното работење преку интернет и преку физички продавници) може да се пофали со толку голем пораст на базата на купувачи? Многу малку!

Сепак, не е сè во бројот на купувачи, има нешто и во финансискиот износ, односно приходот. Тоа најдобро го илустрира следната слика, на која може да се види дека глобалната е-трговија во 2019 година вредела 3,5 билијарди долари (3.500.000.000.000), а во 2023 година се очекува таа да достигне до 6,5 билијарди долари (6.500.000.000.000).

Тоа што не е за изненадување, е фактот што Кина е најголемиот пазар за е-трговија, со вредност од 740 милијарди долари во 2019 година. На второ место се САД со вредност од 561 милијарда долари, на трето Велика Британија со 93 милијарди долари. Следуваат Јапонија со 87 милијарди долари, Јужна Кореја со 69 милијарди долари, Германија со 67 милијарди долари, Франција со 55 милијарди долари итн.

Сликата е слична и во Европа – стабилен пораст, кој доведе до 621 милијарда долари во 2019 година, што е пораст од 13,5% во споредба со една година претходно. Од тој износ, 68% се од регионот на Западна Европа, 12% од Јужна Европа, 8% од Северна Европа, 7% од Источна Европа и 5% од Централна Европа.

Тоа што најмногу нè интересира, е е-трговијата во FMCG-индустријата. Таа вреди 280 милијарди долари глобално, што претставува 7% од вкупната продажба на FMCG-производи. Се прогнозира дека е-трговијата во овој сектор до 2022 година ќе има удел од 10 до 12% од целокупната продажба. Тоа што е особено интересно, е дека до 2037 година се очекува глобално изедначување на онлајн и офлајн-продажбата во FMCG-индустријата.

Имајќи предвид дека овие процени се направени пред кризата со вирусот корона, се очекува тие проценти да се достигнат порано. Како што е познато, на сите пазари е-трговијата значително се зголеми во текот на кризата. Сепак, тоа што веројатно е позначајно од порастот во овој период, е големиот број нови купувачи, кои првпат купуваа онлајн и имаа можност да се уверат во предноста од овој начин на купување.

Со оглед на извонредниот пораст на е-трговијата во текот на март и во ек на корона-кризата, интересно е да се види кои категории имале пораст и пад во текот на овој период. На следната слика се претставени 100 категории со најголем пораст и со најголем пад на пазарот на САД.

Најголемите добитници се компаниите што веќе имаат востановени операции за е-трговија. Тие што немале, а размислувале да воспостават, дефинитивно ги забрзаа плановите. Последното го гледаме и преку примери на компании од Балканот, кои со брзи чекори се трудат да го отворат овој канал на работење.

Останете безбедни!

Извори:

www.nielsen.com/future-opportunities-in-fmcg-ecommerce

www.convertgroup.com

www.stackline.com

www.statisa.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...