Брендот Cockta во соработка со агенциите „Дром“ и „Там – Там“ лансира кампања која е фокусирана на новогодишните одуки.
Како дел од кампањата Cockta постави постери низ Љубљана, на кои луѓето ќе можат да напишат новогодишни одлуки, но на еден невообичаен начин.
Всушност, наместо да се постави на одлука до типот „ Во 2025 година јас ќе...“ брендот на луѓето им поставува одлука „ Во 2025 година нема да....“. Како што објаснуваат, новогодишните одлуки често умеат да бидат меч со две острици, затоа што можат да нѐ мотивираат, а исто така со себе носат и притисок на исполнување на одлуките.
Зошто да пишуваме долги листи на работи кои треба да ги постигнеме? Зошто мораме да поставуваме цели кои ќе ни го променат животот? Сосема е во ред да изберете да се натпреварувате со другите и да живееме без притисок, автентично и со посебно темпо, соопштуваат од компанијата и додаваат дека во месецот кој е презаситен со амбициозни цели, неизбежни традиции и совршени празници, Cockta им го врти грбот на воспоставените норми и ги поттикнува луѓето сами да одлучат каква ќе им биде 2025 година.
Освен постери низ улиците на главниот град, компанијата вклучи и активации на социјалната мрежа Инстагра, каде што брендот ги повика следбениците да ги поделат своите новогодишни одлуки.
Извор: Marketing Mreža
Фото: Cockta/„Атлантик група“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.