Маркетинг

Велика Британија: „Алди“ лансира кампања за Олимписките игри (Видео)

25 Jul 2024

Како официјален трговски синџир на олимпискиот и параолимпискиот тим на Велика Британија, „Алди“ лансира нова кампања во пресрет на Олимписките игри во Париз.

Кампањата е лансирана во соработка со агенцијата „Мекен Манчестер“.

Како дел од кампањата е лансиран спот во кој се појавуваат британските олимпијци а маскотата на компанијата, морковот Кевин патува до стадионот „Стаде де Франс“ за да ги „спаси“ Олимписките игри.

Како официјален трговски синџир на британските тимови, сметаме дека ова е совршена можност да го вратиме Кевин на малите екрани и знаеме дека нашите купувачи ќе бидат воодушени кога го гледаат како ги поддржува нашите тимови, изјави Кирстен Халеј, маркетинг директор во „Алди“ - ОК.

 Компанијата лансира и кадифени играчки со морковот Кевин во олимписки дрес, кои потрошувачите можат да ги најдат во продавниците на „Алди“ низ Велика Британија.

Извор: Ads of the World

Фото: „Алди“

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...