Свет

САД: „Пепсико“ ги презема компаниите „Сабра“ и „Обела“

27 Nov 2024

 „Пепсико“ ги соопшти плановите за преземање на преостанатите 50% од уделите во компаниите „Сабра “ и „Обела“, кои ги основа во 2008 и 2012 година заедно со групациајта „Штраус“.

Прехранбениот гигант во моментов е сопственик на 50% од уделот во овие компании кои се производители на намази и сосови.

Аквизацијата ќе овозможи „Пепсико“ да продолжи да го трансформира своето портфолио и да го поттикне забрзувањето на иновациите за да се задовли растечката побарувачка на потрошувачите во САД, соопштуваат од компанијата.

Како што го развиваме нашето портфолио со храна и им донесуваме на луѓето сѐ поголем избор за повеќе можности, нашата цел е да ја задоволиме растечката побарувачка за брзи опции. Хранлива, едноставна храна како што се намазите и сосовите претставуваат сегмент што долго сакавме да го прошириме во САД и Канада. Благодарни им сме на групацијата „Штраус“, на нашето долго и успешно партнерство и се радуваме за новото поглавје за „Сабра“ и „Обела“, како и за портфолиото на храна на „Пепсико“, изјави Стивен Вилиамс, главен извршен директор на „Пепсико фудс“ – САД.

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...