Во рамките на саемот „Винска визија - Опен Балкан“во Белград, Винарската Визба „Тиквеш“ уште еднаш го потврди својот статус на водечки производител на премиум вина во регионот.
Виното Bela Voda, црвено од бербата 2021, купажа од сортите вранец и плавец, ја освои наградата „Нашионал трофи“ за најдобро вино од земјава. Ова признание е само продолжение на долгогодишниот успех на ова исклучително вино, кое во минатото доби високи 95 бодови од реномираниот вински критичар Роберт Паркер. Со своето производство од лозја стари преку 50 години, Bela Voda е синоним за квалитет и традиција.
На овој натпревар, повеќе од илјада вина од Србија, Албанија и Македонија беа оценувани од меѓународно признати вински судии, вклучувајќи седум Мастерс оф Вајн, под претседателство на Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.
Покрај награденото вино, на саемот беа претставени и останатите премиум вина на „Тиквеш Шато & Домен“ кои се познати по нивната тероарска уникатност и врвен квалитет. Изложувањето и програмата на мастер класови од врни вински стучњаци на „Тиквеш“ на саемот привлече големо внимание на бројни вински ентузијасти, дистрибутери, вински критичари и партнери. Тоа ја покажа репутацијата на „Тиквеш“ во регионот и пошироко и улогата која ја има како промотор на македонските вина на меѓународната винска сцена.
Со ова признание и со атрактивниот настап на саемот во Белград ВВ „Тиквеш“ продолжува да ја зајакнува својата репутација како најнаградувана винарница во регионот и лидер на пазарот во Македонија и Србија, благодарение на својот квалитет и иновации во производството.
На саемот „Винска визија - Опен Балкан“имаше 650 изложувачи од 38 земји, а настанот се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.