Македонија

„Макпрогрес“ најави отворање на „Винчини чоколадна фабрика“

27 Nov 2024

„Макпрогрес“ најави дека се подготвува да го претстави создавањето на „ Винчини чоколадна фабрика“.

Иако за сега ги чуваме деталите во тајност, едно е сигурно – оваа иновација ќе ги воодушеви љубителите на чоколадо насекаде.„Винчини Чоколадна Фабрика“, која некогаш беше позната како „Трико“ во своите почетоци, сега е со смели идеи и иновации. „Винчини Чоколадна Фабрика“ претставува ново поглавје, комбинирајќи традиција со модерен пристап, ова е значаен чекор напред на „Макпрогрес“ за создавање производи со врвен квалитет кои носат радост на секого. Со чоколадото како главен елемент, „Винчини Чоколадна Фабрика“  ветува дека ќе биде вистинска револуција за љубителите на слатки, соопштуваат од компанијата на нивната страница на „Фејсбук“.

Ова е еден од највозбудливите проекти во историјата на нашата компанија, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“ и визиoнерот на идејата за овој проект.

 Напорно работевме за да создадеме производ кој не само што има неверојатен вкус, туку нуди и нешто навистина уникатно за нашите потрошувачи, изјави Цветанов.

Од компанијата најавуваат дека големото откривање на „Винчини чоколадна фабрика“ ќе биде во наредните недели.

Следете го „Макпрогрес“ и „Винчини“ на социјалните мрежи за ексклузивни најави, новости и погледи зад сцената додека го одбројуваме времето до ова возбудливо лансирање. Чекањето е скоро завршено. Подгответе се за Винчини чоколадно изненадување како ниедно другo, велат од компанијата.

 

Извор/Фото: „Макпрогрес“/Фејсбук



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...