Локално

Марина Михајловска, „Кола“: Поддршка и постојано учење за развој на човечките ресурси

25 May 2023

Марина Михајловска од компанијата „Кола“ ја доби наградата за менаџер за човечки ресурси (HR) за 2022 година, што минатата недела ја додели Македонската асоцијација за човечки ресурси. По тој повод, во интервјуто за InStore Михајловска разговаравме за HR - професијата во Македонија, колку компаниите (треба да) вложуваат во развојот на Секторите за човечки ресурси, за методологиите што тука се имплементираат..... 

Ја добивте наградата за HR – менаџер на годината што ја доделува Македонската асоцијација за човечки ресурси. Што сметате дека беше пресудно токму вие да биде добитничка на оваа награда, и што истата значи за Вас?

Континуирано работам на својот лидерски стил и помагам за развој на лидерството кај менаџерскиот тим и се залагам за корпоративните вредности кај целиот колектив со цел континуиран развој на луѓето. Навистина е преубаво чувството кога ќе добиеш едно вакво признание од професионалци од областа на човечки ресури а посебно кога знаеш дека трудот и резултатите се препознаени и признаени. Она кое можам да го истакнам за 2022 година за која ја добив наградата е дека со спроведување на проектот за стратешко корпоративно управување со спроведување на политики и издвојување на стратешки менаџмент припадна и HR функцијата.

Спроведување на дијагностика со методологија на Quintaum со цел зајакнување на организациска култура (со претходно дефинирани вредности на комапнијата, формирање на компетенции, превземање на различни активности за градење и одржување на организациска култура), развој на лидерство и откривање на бизнис сигнали. Од резултатите од самата дијагностика за погоре споменатите цели обезбедивме коучинг сесии како тимски така и индивидуални за топ менаџментот и средниот менаџмент.

Истата година го започнавме процесот на дигитализација на HR и менаџмент процесите преку имплементација на софтверот FledgeHR со цел да имаме зацврстување на процесите како и подобра следливост на истите, при што преку Mercer методологија направивме и рангирање на работните позиции како и зацврстување на перформанс менаџмент системот. Ова е на кратко и само дел што би можела да го издвојам.

Колку време работите во областа на човечките ресурси? Колку е достапно и потребно постојано професионално усовршување во оваа област?

 HR како професија е навистина интересна и предизвикувачка од причина што има можност за раст и развој и се соочуваш со различни ситуации во тековното работење. 

Морам да признаам дека почетоците беа голем предизвик за мене и не беше воопшто лесно. Но со самото тоа што си дел од една од водечките дистрибутерски компании потикнува мотив за раст и развој, а и можност да се оставариш како вистински професионалец, па така со повеќе од 14 години работа во „Кола“ од кои 10 години во човечки ресусрси со поддршката која што ја добивав од колегите вклучително и менаџментот го изградивме секторот за општи работи и човечки ресури.

Достапно е и потребно е постојано професионално усовршување, сакам да учам многу, следам континуирано што се случува во областа на HR кај нас а во регионот и многу е важно да ги препознаам потребите во моментот до каде сме стигнати со развојот за да знам што е следно и во која насока треба да се движи развојот во моменталниот период а и врз основа на сратегијата на компанијата. Искрено би сакала да се едуцирам во одредено нешто за кое во тој момент е време за спроведување на истото, бидејќи, пак ќе нагласам, ако ги препознаваме потребите за дадениот момент резултатите се неизбежни. До сега така се градиме, чекор по чекор и успешно се справуваме.

       

Марина Михајловска (десно):  Навистина е преубаво чувството кога ќе добиеш едно вакво признание од професионалци од областа на човечки ресури а посебно кога знаеш дека трудот и резултатите се препознаени и признаени. 

 Како вие во „Кола“ ги градите човечките ресурси? Кои методологии и практики ги применувате, што се покажале како успешни?

Претходно напоменав дека поддршката од колективот вклучително и менаџментот е неизбежна, од тука почнува се. Исто така е многу важно менаџментот да сака да вложува ресурси за градење на HR секторот. Кога веќе ги поставивме темелите на човечки ресурси и како растеше компанијата се појавуваа потреби да се спроведуваат одредени реорганизации, имплементираат соодвети системи, формализирање на сите процеси кои ги опфаќа работењето на човечки ресурси.

За сето ова да се оставри „Кола“ ми овозможи покрај редовните едукации и тренинзи, поддршка од страна на консултант кој беше вклучен во целиот процес на организациски развој, креирање на вредности на компанијата и спроведување на перформанс менаџмент систем, талент менаџмент систем, создавање на модел на компетенции, onboarding процес и многу други процеси и алатки кои ни помогнаа да стигнеме до тука. Како методологии кои ги применуваме, Quintaum методологија која ни беше важна за зајакнување на организациска култура и утврдување на слепите точки како и развој на лидерство, Mercer методологија која ни помогна за рангирање на работните места, ORCE методологија која ни помага во процесот на интервјуирање (Observe, Record, Classify, Evaluate) како да ги минимизираме грешките при интервјуирање.

Работиме на препознавање на потенцијалот на вработените, го развиваме истиот преку обезбедување на обуки, консултанти во различни области како и обезбедување мотивациски програми за личен развој на вработените.

Дали и како недостигот на работна сила влијае врз професијата и во таа насока, дали компаниите кај нас доволно ја сфаќаат важноста на менаџментот со човечките реурси?

Колку е поголема компанијата толку е поголема и потребата за вработување кадри специјализирани за одредени области. Секогаш се трудиме на кандидатите да им обезбедиме комплетна информација за работната позицијата која е отворена и ја огласуваме за да можат да разберат доколку одлучат да аплицираат за каква компанија станува збор.

Соочувањето со недостиг на работа сила, во нашата професија постојано не држи будни и покрај погоре споменатите формалности, секогаш размислуваме што можеме подобро да направиме за вработените. Па така, покрај едукации и тренинзи за развој, реализираме и различни активности, бенефиции со кои ќе можат вработените да бидат среќни на своите работни места.

Ме радува тоа што секојдневно слушам дека потребите од развој на сектор за човечки ресурси во компаниите се зголемуваат како и за дигитализација на процесите онаму каде веќе има развиени сектори и со самото тоа верувам дека ја сфаќаат важноста на професијата. Кога луѓето ќе ги видат првите резултати го сфаќаат бенефитот за постоењето на секторот за човечки ресурси а за тоа е потребно време и поддршка.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...