Анализи

Ипсос: Вирусот корона во Србија

26 Mar 2020

„Ипсос“ ја следи ситуацијата со вирусот корона, а истражувачката работа е целосно приспособена на новите околности и сите активности се насочени кон безбедни, онлајн-техники на комуникација со испитаниците.

Овојпат, ви ги претставуваме резултатите од истражувањето на онлајн-заедницата, реализирано од 11 до 14 март 2020 година, со 22 учесници (рамномерно распоредени по региони, на возраст од 25 до 45 години). Таа интересна, продуктивна и длабинска техника на истражување ни овозможи неколку интересни информации и анализи поврзани со размислувањето на граѓаните на Србија за новите околности во кои сите се најдовме со изменети однесувања, искуства, стравови, надежи и очекувања, соопштуваат од „Ипсос“.

Информациите се собрани низ формите на комуникација што ги овозможува онлајн-заедницата: блогови, размена на идеи, лајв-чет и маркерборд. Формите ги илустрираат можностите и перформансите на оваа модерна истражувачка алатка, која може да се применува во моменталните околности, но и во ситуации со горливи теми и прашања.

Во денешно време, кога сцијалните мрежи станаа место за секојдневни средби и за споделување искуства, сесиите на онлајн-заедниците за одредени теми и таргети се многу ефикасен истражувачки метод. Во контекст на онлајн-заедницата може да ги искористиме сите предности од индивидуалните реакции, но и интензивните интеракции на испитаниците. Учесниците се во можност да се изразат преку текст, слика, видео и аудио-записи, што ни овозможува побогати и слоевити одговори. Од онлајн-дискусијата на еден учесник добиваме содржина што е еквивалентна на усен исказ од 2,5 часа, вели Катарина Јакшиќ, сениор експерт за иновации и за квалитативна методологија во „Ипсос“.

ДИСКУСИЈА

Форум на онлајн-заедницата – вирусот корона во Србија

Дискусиите се најчесто користени алатки, а се сочинети од низа теми што ги поставува истражувачот за да добие одговори на специфични теми.

  • Во дискусијата модераторот може да користи различни видови прашања, вклучувајќи и анкетите со еден или повеќе можни одговори. Маркерот им овозможува на учесниците да „маркираат“ специфични делови од сликата или текстот, а со пин може да означат позитивни или негативни бои и да остават текстуален коментар.
  • Дискусиите им овозможуваат на учесниците одговори со текст, видео или слика.
  • Дискусиите можат да бидат групни (сите учесници ги гледаат сите одговори) или „1 на 1“ (учесниците ги гледаат само своите и записите на модераторот).
  • Дискусиите може да имаат „условна видливост“, односно учесниците да ги видат туѓите одговори откако ќе остават свој одговор.

Општа перцепција за вирусот корона

Учесниците се сметаат себеси за добро информирани, а најголемите несогласувања се за потеклото на вирусот и за начинот на пренос кон човекот.

  • Според симптомите и начинот на пренос, вирусот корона е „посилна верзија“ на грипот, затоа што полесно се пренесува и не постои доволно стручно знаење. Учесниците не се плашат за сопственото здравје, бидејќи сметаат дека лесно ќе го победат вирусот. Присутна е претпазливост, но не и паника.
  • Стравот е пред сè за повозрасните луѓе и за децата (иако не се погодена категорија, родителите се загрижени). Следува вниманието насочено кон вработените од Србија во западноевропските земји, поради големиот број заразени таму и поради евентуалниот карантин кога ќе се вратат.

Учесниците од одделни градови (Ниш) наведуваат дека на почетокот биле рамнодушни, но со вестите за заразени во нивното место, опасноста им станала „поблиска“ и пореална. Општото верување, пред сè, кај учесниците од помалите места, е дека опасноста е најголема во Белград.

Фактот што СЗО програси пандемија носи дополнителен страв бидејќи ситуацијата добива официјален опис – зборот „пандемија“ често се користи како опис на сериозноста на ситуацијата.

Рамнодушен сум за тоа што јас можам да го добијам вирусот, бидејќи сум млад, со одлично здравје. Сепак и понатаму сум внимателен за да не би им го пренел вирусот на постарите членови на моето семејство, бидејќи тој за нив би можел да биде фатален.

Реална опасност

  • Иако се загрижени дека можат да се заразат со вирусот, поголемиот дел од учесниците не се загрижени за сопственото здравје во случај на зараза.
  • Во дебатата за тоа дали Ковид-19 е поопасен од обичниот грип, честопати како рамноправни се споменуваат свинскиот и птичјиот грип, како и САРС. Впечатокот е дека се заборави на опасноста од претходните вируси.
  • Медиумската слика во целиот свет ја прави ситуацијата сега поинаква, а Србија е само дел од поголемиот екосистем и не е имуна на стравот и на паниката.
  • Најголемите грижи се лесното ширење и модерниот начин на живот, кој подразбира голем број патувања.
  • Иако треба да се избегнуваат патувањата, како опција се спомнуваат патувањата во Африка и во потоплите предели.
  • Токму влијанието на топлата клима внесува најмногу забуни, но сепак се верува дека со затоплувањето на времето вирусот ќе ослаби.

Не е поопасен, туку само масовно се проширува низ целиот свет. Вирусот корона не е ништо ново, но се поставува прашањето како не се случи пандемија од вакви размери претходно во Кина, од каде што вирусот и потекнува.

Мометалната состојба во Србија

Ситуацијата е крајно сериозна – уште е под контрола, но никој не може да потврди дали ќе излезе од контрола и што би влијаело на тоа.

  • Примерот со Италија е загрижувачки во голема мера, бидејќи таму ситуацијата на почетокот се сметаше за безизлезна.
  • Во Србија со задоцнување стигнуваат ефектите од светот. Не е сè во рацете на државата, претстои полош период, но добро е што има доволно време за ситуацијата да се спречи. Опасноста за власта се поголемите очекувања, бидејќи Србија имаше многу повеќе време од Италија за да се подготви.
  • Се забележуваат напорите на државата, се оценува дека таа може да воведе и построги мерки – но, прашањето е дали тоа ќе предизвика уште поголема паника меѓу граѓаните.
  • Другата дилема е релативно малиот број тестирани секој ден, но за тоа постои разбирање, бидејќи е јасно дека мора да се направи селекција за тоа кој ќе се тестира.

Видеотест

Дискусијата го опфати и информативното видео на Министерството за здравје.

  • Видео-известувањето е прифатено изразито позитивно, што упатува на препораката почесто да се емитува во ударни термини.
  • Позитивно е што информациите се јасни, кратки и нудат прецизни упатства во случај ако се појават симптоми.
  • Евентуалниот приговор е што видеото премногу апелира на самоизолацијата како единствено решение, зад што се надѕира немоќта на здравствените институции.

Однесувањето на граѓаните

Граѓаните добро се однесуваат во однос на личната хигиена и здравиот разум, но прашањето е зошто беше потребен вирусот за да ги променат нивните навики.

  • Се отвори прашањето за генералната негрижа за здравјето во текот на годината, па и текот на во сезоната на грип. Дилемата е дали од ова ќе се извлече поука и коренито ќе се променат навиките, или општеството брзо ќе ја заборави ситуацијата.
  • Негативна појава е купувањето на непотребни средства за хигиена, кои би биле пополезни на други адреси, како и испразнувањето на продавниците.
  • Особено проблем е што тие набавки ги прават луѓето со повисоки финансиски средства, на сметка на посиромашните граѓани.

БЛОГ

Влијанието врз секојдневниот живот

Блоговите најчесто се користат за подлабоко истражување на одредени теми, во облик на водење дневник. Можат да бидат јавни (ги гледаат сите учесници) или приватни (интеракција „1 на 1“ меѓу модераторот и учесниците).

  • Не е толку во прашање стравот од болеста, колку што е ставот од неочекуваното – што следува во животот, дали ќе се оди на работа, како ќе изгледа работата, образованието, јавниот превоз...
  • Впечатокот е дека мерките полесно би се поднеле ако однапред се знае каква ќе биде состојбата.

Прогнози за развој на ситуацијата

Учесниците се согласуваат дека се наоѓаат на почетокот и се очекуваат нови случаи. Со порастот на бројот на новозаболените, се очекуваат и повеќе потешки случаи.

  • Пикот се очекува за 2-3 недели, што значи дека Велигденските празници ќе почнат 10-ина дена по предвиденото смирување на состојбата. Тоа може да доведе до втор бран и до повторно зголемување на бројот на заболени.
  • Зголемувањето на температурите е голем сојузник и околу тоа владее консензус, иако е недоволно познавањето на влијанието на температурите врз вирусот.
  • Со оглед на тоа што информациите се менуваат од час во час, тешко е да се одреди како ситуацијата би можела да се врати на старо. Најчесто се прогнозира период за 2 месеци.
  • Економската штета е тешко да се предвиди.

РАЗМЕНА НА ИДЕИ

Ова е одлична алатка за заедничко креирање идеи, која на учесниците им овозможува заедно да создаваат и да предложуваат нови идеи. Учесниците може да гласаат и да ги коментираат идеите, а тие со најголем број лајкови и коментари, автоматски се поставуваат на врвот на страницата за дополнителна дискусија.

Предлог-мерки:

  • Најмногу лајкови доби меркат што апелира дека паниката е најголемиот непријател и дека најпрвин таа треба да се победи.
  • Подобра снабденост на аптеките и на здравствените установи, подобра опременост на здравствените работници и сите што се во директен контакт со поголем број луѓе.

ЛАЈВ-ЧЕТ

Разговорите во живо се со однапред закажании сесии, со мал и одбран број учесници, кои разговараат со модераторот во реално време. Преку оваа алатка „Ипсос“ подлабоко дискутира за неумерените набавки на граѓаните.

  • И покрај тоа што во медиумите има сè, па дури и сензационализам, во оваа ситуација виновни се граѓаните.
  • Сепак, ниту граѓаните не треба премногу да се осудуваат, бидејќи Србија имаше искуство со немаштија, што до ден денес остави трауми.
  • Проблем се расипливите прехранбени производи што ќе пропаднат. Државата мора да им ги ограничи набавките на физичките лица.

Државата засега реагирала добро, иако можеби требало да почне малку порано.

  • Србите се помалку внимателни од другите народи, додека Кинезите се перципираат како извонредно дисциплинирана нација.

Потребна е поголема одговорност на производителите на санитетска опрема и на продавниците, бидејќи граѓаните често се доведуваат во заблуда. Така, средства со недоволен процент на алкохол се продаваат како дезинфекциски средства.

  • Се тестират само тие што имаат симптоми и во тоа е опасноста – поголем број од луѓето не се свесни дека се преносители.
  • Сепак, државата не треба да се обвинува за релативно малиот број тестови, бидејќи во ситуацијава мора да се направи листа на приоритети.
  • Постои доверба во државните податоци за бројот на заболени.

ЗАКЛУЧОК

Не постои паника во општеството, но владее голема претпазливост и грижа за децата и за постарите.

  • Најголемиот страв не е од медицинска природа, туку е од неизвесноста за периодот што следува, од аспект на работата, институциите, училиштата, продавниците, границите...
  • Државата и здравството засега покажаа одговорност, но фактот што имаа доволно време за да се подготват, ги зголемува очекувањата на учесниците.
  • Додека Кина се перципира како извонредно дисциплинирана нација, која успешно се справи со епидемијата, Италија според темпераментот е слична на Србија. Во таа смисла е и стравот дека граѓаните нема да бидат доволно дисциплинирани и е можно слично сценарио и во Србија, иако засега е помалку извесно.
  • Претпазливоста е добредојдена – на построгите мерки се гледа позитивно, а граѓаните ќе бидат поспокојни доколку членовите на нивните семејства поминуваат помалку време на прометни места.
  • Неопходно е да се продолжи со прецизни, брзи и точни известувања, да се ограничат неумерените купувања на прехранбени и хигиенски производи и да се апелира за заштита и помош на постарите луѓе.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...