Дигиталните технологии го револуционизираат начинот на кој функционира индустријата за стоки за широка потрошувачка. Според новиот извештај на истражувачката организација ИГД, во соработка со „Консумер гудс форум“ (CGF – Consumer Goods Forum), до 2023 година онлајн-продажбата на FMCG-производи ќе се зголеми за 163%, односно за 257 милијарди долари.
Извор: ИГД
Анализирајќи како компаниите ќе можат да одговорат на оваа промена и како бизнисите ќе ја користат дигиталната технологија за да станат порелевантни, извештајот истражува три дигитални малопродажни модели на иднината: етаблирани играчи, онлајн-специјалисти и нови екосистеми.
Главните пазари за е-трговија ќе продолжат да се развиваат брзо, со пораст на е-каналот за речиси четири пати повеќе од стапката на пораст на кој било друг канал. Најважните заклучоци од истражувањето се дека е-трговијата со прехранбени производи до 2023 година ќе бележи силен пораст, и тоа:
Азија и Северна Америка ќе го предводат порастот, а Европа ќе го развива онлајн-каналот со релативно побавно темпо. Е-продажбата во Азиско-пацифичкиот Регион се прогнозира дека ќе се зголеми за трипати во текот на следните пет години, со тоа што нејзиниот удел во Азија (7,5%) ќе биде двојно поголем од уделот во Северна Америка (3,4%), и речиси трипати поголем од тој во Европа (2,5%).
Регион |
2018 година (милијарди долари) |
2023 година (милијарди долари) |
Зголемена продажба 2018 - 2023 (милијарди долари) |
Зголемена продажба 2018 -2023 (во %) |
Удел на е-трговијата со прехранбени производи 2018 година (во %) |
Удел на е-трговијата со прехранбени производи 2023 година (во %) |
Азија-Пацифик |
101 |
299 |
198 |
196 |
3,4 |
7,5 |
Северна Америка |
25 |
62 |
38 |
152 |
1,5 |
3,4 |
Европа |
32 |
53 |
21 |
66 |
1,8 |
2,5 |
Сите главни пазари |
158 |
414 |
257 |
163 |
2,5 |
5,2 |
Живееме во време на неверојатен продор на иновациите во малопродажба, што најчесто е водено од дигиталниот развој. Во ова истражување се опфатени малопродажните иновации од три различни области – етаблирани играчи, онлајн-специјалисти и нови екосистеми. Веруваме дека многу од новите развојни модели ќе напредуваат, што значи дека етаблираните трговци ќе треба да работат напорно и брзо, вели Сузан Барат, извршен директор на ИГД, и додава дека дигитализацијата веќе ја вознемири и ја трансформира FMCG-индустријата, а приказната само што почна.
Во продолжение се претставени трите дигитални малопродажни модели на иднината.
Брза еволуција
Компаниите ги трансформираат своите операции преку дигиталните технологии, со цел да ги унапредат продавниците, да ги намалат трошоците и да ја подобрат врската со потрошувачите. Предвидувањата на ИГД за брза еволуција вклучуваат:
Е-трговија 2.0
Првиот бран на е-трговија се фрагментира во различни креативни начини на продажба и додадена вредност. Предвидувањата на ИГД за вториот бран, односно за е-трговијата 2.0 вклучуваат:
Екосистеми
Се развива мрежа од малопродажни и потрошувачки услуги, поврзани со логистика, финансиски услуги и со технологија. Предвидувањата на ИГД за екосистеми вклучуваат:
Додека порастот останува предизвик за сите играчи во индустријата, многумина сметаат дека тековното нарушување носи возбудливи можности, заклучува Питер Фридман, директор на CGF.
За повеќе детали за трите дигитални малопродажни модели на иднината кликнете овде.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.