Анализи

ИГД: Приоритети на кои индустријата треба да се фокусира

14 Dec 2022

Иако дигитализацијата на малопродажбата се издвојува како клучен приоритет, употребата на технологијата може да направи значителна разлика и во напредокот на другите приоритети

 Автор: Стјуарт Семјуел, програмски директор, ИГД 

Трговците на мало и доставувачите работат во најкомплексно опкружување со децении. Нивото на промени низ кои поминува индустријата е без преседан. Мамурлакот по ковид-19, рекордно високата инфлација, дисрупциите во синџирот на снабдување, екстремните временски услови и војната во Украина се само дел од прашањата што мора да се решат.

Новиот извештај на ИГД – „Приоритети на трговците на мало: победа денес и утре“ се фокусира на деветте прашања на кои трговците мора да одговорат на краток рок и да постигнат пораст на продажбата и профитот, но истовремено и на подолг рок за да бидат сигурни дека ќе останат релевантни во иднина.

Приоритети

Наспроти сите случувања, идентификувавме девет приоритети за глобалните трговци на мало, со кои тие би се осигуриле дека нивните бизниси ќе бидат подготвени за иднината. Дел од тие приоритети се со краткорочен фокус, додека други ќе ги генерираат програмите за работа во текот на неколку години. Во извештајот на ИГД се истакнати иницијативите што трговците ги преземаат и импликациите на нивните партнери. За да бидат успешни, трговците на мало и доставувачите размислуваат за меѓусебната поврзаност на овие приоритети и ги земат предвид во целост.

Што научивме?

  1. Акциите треба да се преземат веднаш. Иако постојат различни фази на испорака, сите девет области треба да имаат програми за работа што се во тек за да можат да бидат испорачани на долг рок.
  2. Промената има цена. Справувањето со приоритетите подразбира значителен трошок, особено во дигиталната трансформација и декарбонизацијата. Иако многу од иницијативите ќе обезбедат продуктивност и заштеда на трошоците, нето-трошокот најверојатно ќе биде пренесен на потрошувачите. Но, во период на висока инфлација, дали е можно тоа? Дали ударот ќе биде на маржите на трговците и доставувачите?
  3. Технолошките лидери ќе постигнат побрз напредок. Иако дигитализацијата на малопродажбата се издвојува како клучен приоритет, употребата на технологијата може да направи значителна разлика и во напредокот на другите приоритети.

Што следно треба да направат доставувачите?

  1. Усогласете ги приоритетите со стратешките планови на трговците на мало и идентификувајте кого и како треба да поддржите.
  2. Прераспределете ресурси за да ги затворите празнините во сопствените интерни структури.
  3. Сфатете ги импликациите за трошоците на ниво на промена на вашиот бизнис.

За организацијата:

ИГД обезбедува глобален увид, анализа и прогнози за пазарот на прехранбени и производи за широка потрошувачка, со што им помага на клиентите да се движат низ предизвиците на малопродажниот пејзаж што постојано се менува. Претплатниците можат да го прочитаат новиот извештај на ИГД на следниот линк https://bit.ly/3Dh4dJx за да дознаат повеќе за тоа колку брзо еволуира трговијата во Западна Европа и во другите региони низ целиот свет.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...