Нови

Работилница: Како да го освоите вниманието на купувачот?

07 апр 2022

Разликата меѓу brand и shopper-центрична стратегија, улогата на невронауката во shopper-маркетингот и како да се привлече купувачот чии одлуки за купување најчесто не се рационални, се дел од темите на еднодневната онлајн-работилница, закажана за 6 април.

Работилницата, чија цел е унапредување и стекнување на нови знаења од областа на shopper и neuro shopper маркетинг, е во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, а ќе ја води Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting).

Наменета е за професионалци од областа на shopper-маркетинг, trade-маркетинг, маркетинг и продажба од мали, средни и големи компании.

Придобивки:

Унапредување на дневно оперативните shopper-маркетинг, trade-маркетинг и на продажните активности, со цел полесно реализирање на продажните резултати.

ПРОГРАМА

09:00 – 10:30

SHOPPER-ЦЕНТРИЧНА СТРАТЕГИЈА

  • Brand-центрична vs. shopper-центрична стратегија;
  • Важноста на сегментацијата и приоритизирањето на shopper-сегментите;
  • Шопинг-мисија: што прават купувачите и зошто?
  • Седум чекори на ефикасен shopper-маркетинг;
  • Кои се трите најважни вредности на купувачот?
  • Промоции на цени наспроти иновативни промоции;
  • Стратегии за ценовно позиционирање и однесување на купувачот;
  • Ефикасно користење на ценовната еластичност во shopper-маркетингот.

 

10:30 – 10:45

Кафе пауза

 

10:45 –12:15

НЕВРОНАУКАТА ВО ФУНКЦИЈА НА SHOPPER-МАРКЕТИНГОТ

  • Лидер на пазарот vs. „follower“ низ призмата на невромаркетингот;
  • Зошто „познатото“ е добро за купувачот од гледна точка на неврологијата?
  • Плацебо-ефект на брендирање;
  • Како да креирате пакување на производи според невронаучните стандарди?
  • Case study: развој и влијание на пакувањето на производот врз купувачот.

 

12:15 – 13:00

Пауза за ручек

 

13:00 – 14:30

НЕВРОOПТИМИЗАЦИЈА  „PATH-TO-PURHCASE”

  • Експлицитно и имплицитно донесување одлуки за купување;
  • Зошто најчесто одлуките за купување не се рационални?
  • Како да креирате когнитивни кратенки што водат до купување на брендот?
  • Убедување vs. создавање брз пристап и навики за купување;
  • Како да победите на продажното место: Stop-Hold-Close;
  • Како да го привлечете вниманието на купувачот?
  • Како да се задржи и да се управува со вниманието на купувачот на местото на продажбата?
  • Како нашиот бренд да биде со најдобро перципирана вредност?

 

14:30– 14:45

Кафе пауза

 

14:45 – 16:15

ДИГИТАЛЕН SHOPPER-МАРКЕТИНГ

  • Како и зошто луѓето купуваат онлајн?
  • Како да освоите „конектиран купувач“ и да влијаете врз него да „не ја напушти кошничката“?
  • Принципи на онлајн-убедување и однесување на купувачите;
  • Алатки во служба на дигитален shopper-маркетинг;
  • Case study: U.S. дигитален shopper-маркетинг;
  • Дигитална инспирација: Wall Mart, Aldi Shop & Go, Amazon Go, JD.com, IKEA, Starbucks…

КОТИЗАЦИИ

1 лице – 129 евра

2 лица од компанија – 119 евра по лице

3 лица од компанија – 109 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 99 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

 

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

Виолета Видоевска

е-пошта: violeta@kliker.mk

моб.: 075 301 927

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting)

Дипломирал, магистрирал и моментално е на докторски студии на Економскиот факултет во Белград, насока бизнис-менаџмент. Работи на докторската дисертација на тема „Примена на невромаркетиншките техники како поддршка за позиционирање на брендот во свеста на потрошувачите на пазарот на FMCG-производите“.

Своето дваесет и три годишно работно искуство во бизнисот го стекнува на менаџерски, маркетинг и продажни позиции во домашни и меѓународни компании. Во текот на неговата 17-годишна корпоративна кариера тој се унапредувал на менаџерски и лидерски позиции во следните компании: Partner Marketing Research Agency, ING Bank, Nestle, Henkel Central and Eastern Europe Austria, Henkel Srbija, FCB.

Нуди консултантски, менторски и едукативни услуги на следните компании и организации: UNICEF, Delta Holding, Philip Morris, Lesaffre, Pernod Ricard, Imperial Tobacco, Stihl, Western Union, Garmin, Yuhor, Fun&Fit, Danubius, ComTrade, Nectar, MD International, Vital, Omnico distribucija, G3 Spirits, Gorki List, Gomex, Orbico, Fructal, Perutnina Ptuj, Atlantic Trade, Badel 1862, Alca Trgovina, AWT, Alkaloid, Vitaminka, Tikveš, Pelisterka, Makprogres, Prilepska pivarnica, Vitalia, Kola, Ramstore, Reptil итн.

Тој е на листата на меѓународни консултанти на ЕБОР (Европска банка за обнова и развој), член е на IAA (International Advertising Association), AMA (American Marketing Association) и водечки предавач за маркетинг и продажба на „Мокрогорската школа за менаџмент“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...