Еден од најголемите производители во секторот стока за широка потрошувачка, „Рекит Бенкисер“, според пишувањата на странските медиуми, се подготвува за продажба на важни брендови, кои менаџерите на компанијата не ги сметаат за стратешки дел од работењето.
Меѓу важните брендови кои компанијата планира да ги продаде се кремите за депилирање Veet и козметичката линија Clearasil. Исто така се спомнува и продажбата на кремата за нега на кожа Е45 и производите за нега на стопала Scholl.
Вкупната вредност на овие брендови се проценува за околу 1,1 милијарди евра. Поради пандемијата, „РЕкит Бенкисер“ бележи извонредни резултати во категоријата производи за нега на лице и тело, бидејчи потрошувачите не се во можност да посетуваат козметички салони. Исто така, забележано е зголемено производство на брендовите за чистење Lysol и Dettol.
Од компанијата сметаат дека овие брендови се многу интересни, пред приватните инвестициски фондови, а според пишувањата на магазинот ESM, за купувањето веќе се заинтересирани „Хенкел“ и „Баерсдорф“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.