Свет

„Теско“ тестира испорака со дронови

15 сеп 2020

Откако американскиот гигант „Амазон“ неодамна доби дозвола да тестира достава со дронови, оваа услуга сега ќе ја тестира и „Теско“, најсилниот британски трговец.

Од седиштето на компанијата соопштија дека првично ќе ја испитаат ефикасноста на достава храна до дома со помош на беспилотни летала. Проектот ќе се тестира на ирскиот пазар, каде партнерската компанија „Мана“ веќе доби владина лиценца за управување со дронови. 

За време на пробниот период, „Теско“ ќе испорачува помала количина храна. Во наредниот период, трговецот планира да се фокусира на четири клучни сегменти: развој на храна и пијалоци во чекор со технологијата, собирање податоци, роботика и иновации во пакувањето. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Словенија донесе закон за неработни недели и празници

26 сеп 2020

„Рекит Бенкисер“ ќе продава брендови вредни милијарда евра

26 сеп 2020

„Реве“ се повлекува од Украина

26 сеп 2020

„Амазон“ отвора 3.500 работни места во Канада

26 сеп 2020

„Меркадона“ прави дистрибутивен центар од 200 милиони евра

26 сеп 2020

„Континенте“ лансира алуминиумски капсули за кафе

26 сеп 2020
Вчитува уште новости...