Свет

„Лидл“ бара од доставувачите да го намалат CO2

07 Sep 2020

„Лидл“ – Белгија почна програма со која ќе им помогне на доставувачите во земјата да подготват план за намалување на емисијата на јаглероден диоксид.

Дисконтерот испраќа „климатски советници“ во посета на доставувачите за да им помогнат во изготвувањето акционен план и да предложат мерки за намалување на јаглеродниот отпечаток.

„Лидл“ идентификува вкупно 60 доставувачи (24 од Белгија), кои сочинуваат околу 80% од емисиите во неговиот синџир на снабдување. Од компанијата се особено заинтересирани за производителите на млеко и на месо, кои многу придонесуваат за емисијата на CO2.

Во последните неколку години го намаливме сопствениот јаглероден отпечаток преку трансформација на објектите и транспортот. Сега сметаме дека најголем напредок во одржливоста може да постигнеме кај нашите доставувачи, соопштија од „Лидл“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...