Свет

САД: Објавена листата на најбрзо растечки трговци на мало

24 Aug 2020

Националната трговска асоцијација на САД заедно со истражувачката агенција „Кантар“ ја објавија листата нареченаHot 100, со најбрзо растечките трговци на мало за 2020 година.

Листата се темели на податоци кои го потврдуваат напредокот во домашното работење меѓу 2018 и 2019 година и ги опфаќаат сите трговци на мало во САД кои остварија продажба поголема од 300 милиони долари. 

Американската филијала на германскиот „Лидл“ се наоѓа на прво место, и тоа втора година по ред. Тој има напредок на продажбата од 69 отсто, со 1,9 милијарди долари во 2019 година. „Лидл“ има 97 локации на исток во земјата(во 9 држави) и нешто повеќе од 100 продавници. Само оваа година беа отворени повеќе од 20 продавници и голем дистрибутивен центар. 

 


 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...