Свет

„Карлсберг“ очекува пад на оперативната добивка од 10 до 15 отсто

14 Aug 2020

Еден од најголемите производители на светот, данскиот „Карлсберг“, очекува пад на приходите од работењето од 10 до 15 отсто за оваа година, првенствено поради забраната за работа на угостителските објекти ширум светот. 

„Карлсберг“, пред кој по остварени приходи од продажба се само пиварниците „АБ Инбев“ и „Хајнекен“, најголем пад има на пазарите во Кина и во Западна Европа, бидејќи ова се пазари со најголем промет.

Сите пазари на кои „Карлсберг“ е присутна на еден или на друг начин се под влијание на пандемијата, но вработените во компанијата покажаа огромна подготвеност да се справат со ситуацијата, што ни помогна да го стабилизираме нашето работење, соопштија од пиварницата. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...