Свет

„Кооп“ Шведска отвори продавница без вработени

13 јул 2020

Малопродажниот синџир „Кооп“ ја отвори својата прва продавница без вработени. 

Продавницата е лоцирана во Гавле, Шведска и ќе работи секој ден, по 24 часа. Наскоро ќе биде отворена и втора ваква продавница, чија локација засега не се открива. 

Продавниците без вработени ни овозможуваат да бидеме присутни на уште поголеми локации каде гледаме потенцијал. На тој начин, им овозможуваме на нашите купувачи да купуваат во секој момент, кога и да посакаат, соопшти трговецот. 

„Кооп“ разви посебна апликација за овој вид продавници. Шведска е позната и како држава каде плаќањето во готово е на раб на изумирање. Околу 75 отсто од населението при купување користи телефони или банкарски картички.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...