Свет

Пандемијата ги намали приходите на „Карлсберг“

10 Jul 2020

Приходите паднаа во второто тримесечје од годината, а неизвесно е дали ситуацијата ќе успеат да ја поправат и клучните летни месеци пред нас, соопштија од данската пиварница „Карлсберг“

Во овој период, приходите паднаа за 14,6 отсто, а обемот на продажба е намален за 7,8 отсто. 

Во Западна Европа приходите паднаа за 15 отсто. Во азискиот регион, пиварницата ги намали трошоците и ги одложи маркетиншките активности за втората половина од оваа година. На другите пазари значително влијаеше карантинот како мерка, особено во Индија. 

Пандемијата немаше значително влијание врз работата во Источна Европа, поради ограничената изложеност на баровите и на рестораните. 

Пред нас е неизвесен период и во второто тримесечие од годината, се вели во соопштението од „Карлсберг“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...