Свет

Кина го прекина увозот на живина од „Тајсон фудс“

22 Jun 2020

Кина го забрани увозот на живина од американскиот производител „Тајсон фудс“, откако беа откриени случаи на коронавирус во една од неговите фабрики.

Сите производи што се веќе во земјата, ќе бидат запленети од кинеските власти. Во Пекинг последниве денови се тестираат милиони луѓе, а потврдени се и нови случаи на заболени од вирусот.

Фабриката во која е откриен првиот случај на коронавирус, се наоѓа во сојузната држава Арканзас, во градот Спрингдејл.

Во ноември минатата година Кина дозволи повторно увоз на живина од САД, но сега ситуацијата е уште покомплицирана. Во 2013 година, пред кинеското ембарго, САД годишно извезуваа мисиркини и пилешки производи во вредност од половина милијарда долари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...