Свет

Лоша година за производителите на пенливи вина

29 May 2020

Сосема е јасно дека 2020 ќе биде многу лоша година за производителите на пенливи вина и шампањи во споредба со другите сезони, а според проценките на светските експерти, продажбата се очекува да падне за третина (околу 100 милиони шишиња).

Поради пандемијата на коронавирусот низ целиот свет, поголемиот дел од угостителските објекти беа затворени, што доведе до значителен пад на потрошувачката на овој пијалак. Освен тоа, и поголемиот дел од прославите беа откажани, така што немаше многу причини за славење, кога консументот се „дружи“ со овој пијалак.

Загубата на производителите на шампањ се очекува да достигне до 1,7 милијарди евра оваа календарска година, а според некои проценки, кризата би можела да продолжи и во 2021 година. Проценките се засновани на падот на продажбата од 75% во април и во мај. Минатата година производителите на шампањ продале речиси 300 милиони шишиња за рекордни 5 милијарди евра.

Најголем извозник на пенливо вино е Франција, чија продажба беше тешко погодена од кризата.

Изворesmmagazine.com



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...