Свет

„Лидл“ отвори нова продавница во Загреб

26 May 2020

„Лидл“ продолжува со проширување на продажната мрежа во Хрватска – 102. објект е отворен на загрепската улица 201.

Како што истакнуваат од компанијата, модерната продавница во поширокиот центар на Загреб, е направена според новиот концепт за градба и дизајн, кој подразбира попријатно купувачко искуство и поголема енергетска ефикасност.

Продавницата се наоѓа на приземјето од станбено-деловен објект, а паркинг-местата за купувачите со возила, се сместени на првиот кат.

Работното време на новиот „Лидл“ е од понеделник до сабота од 8 до 21 часот, со пауза за дезинфекција од 13:30 до 14:30 часот. Во недела и за празници продавницата нема да работи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...