Свет

„Меркадона“ инвестира во продавници и во логистика

06 May 2020

Шпанскиот трговски синџир „Меркадона“ годинава планира да инвестира речиси 2 милијарди евра за отворање нови продавници, реновирање на постојните и за надградба на логистичките капацитети.

Трговецот има цел да отвори околу 70 продавници во Шпанија и 10 во Португалија. Околу 160 супермаркети ќе бидат реновирани во согласност со новиот модел. Инвестицијата ќе опфати и поставување пултови за готова храна во 460 продавници.

„Меркадона“ планира да ја зајакне и оптимизира и логистичката мрежа со надградување и додавање нови логистички капацитети. Компанијата, исто така, ќе се фокусира на дигиталната трансформација и ќе отвори нова е-продавница, под банерот Hive.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...