На кој начин може да ја покажаме вредноста на медиумите за граѓаните, да ги препознаеме можностите за исполнување на новонастанатите потреби и да обезбедиме сознанија врз основа на кои ќе бидат понудени најдобрите концепти преку најдобриот маркетинг?
Извор: „Ипсос“
„Ипсос“ ги следи растечките улоги на медиумите во периодов што доаѓа со цел собирање информации кои ќе ја унапредат медиумската стратегија.
Преку видео-форуми и висококвалитетни истражувања кои многу брзо носат резултати, им се приближуваме на публиката и на медиумските куќи, креаторите на програмите и оние што нудат услуги. Целта е да се разбере и препознаe ритамот со коj се случуваат нови и се одигруваат веќе постоечки потреби на оваа глобална криза.
На тој начин може да ја покажаме вредноста на медиумите за граѓаните, да ги препознаеме можностите за исполнување на новонастанатите потреби и да обезбедиме сознанија врз основа на кои ќе бидат понудени најдобрите концепти преку најдобриот маркетинг.
24 март 2020 година: Денот кога Disney + е лансиран во Велика Британија. Тоа беше ден кој многумина едвај го чекаа, едвај чекаа да откријат дали најновиот game changer ги исполнува очекувањата и до кој степен ќе го разниша веќе изменетиот начин на гледање телевизија. Сепак, уште во јануари, кога „Дизни“ објави дека датумот за почнување во Велика Британија ќе биде однапред поместен, кога никој не можеше да го предвиди обемот на промените со кои всушност, ќе се соочиме.
Во невиден пресврт на настаните, 24 март во Велика Британија е првиот ден на целосна изолација. Училиштата веќе беа затворени, кафеаните се затворени, а Британците најсериозно беа замолени да останат дома. Така, забавата, образованието и благосостојбата се ограничија во нивните домови.
По само неколку недели, секаде може да се видат докази за брза промена во медиумското однесување. Еве неколку примери од домаќинство во Велика Британија:
• Минатата недела, мојот сопруг, кој гледаше натпревари на повеќе од 1.000 фудбалски канали, ја прекина нашата претплата на Sky Sports. Несомнено, повторно ќе ја платиме претплатата, но ова е пресврт на настаните што беа незамисливи пред само неколку недели;
• Благодарение на Google, нашата дневна соба беше посетена од лав, тигар и грзли!
• Скоро секое утро, мојот петгодишен син и јас и уште 700.000 луѓе вежбаме со Џу Викс. Никогаш не сум бил на никаков тренинг во животот, но некако чувствував потреба да бидам дел од движењето и да се поврзам со нешто поголемо од мојата дневна соба преку YouTube и ТВ-каналите;
• Всушност, „Фејсбук“ ме доближи до мојата локална заедница преку страниците за помош во заедницата и преку настаните, така што практично ги запознав луѓето на кои порано само им мавтав на влезот во училиште;
• Никогаш не сум прочитал толку многу новости или сум видел толку многу филмови во мојот живот. Пред само неколку недели, медиумските коментатори дебатираа дали публиката има премногу избори. И сега јас бесрамно ги менувам вообичаените ограничувања на времето поминато пред екранот, додека се борам меѓу полното работно време и грижата за децата и семејството. Телевизорот стана речиси постојан во позадина и моето барање за избор никогаш не е поголемо
• Очигледно, секој ден се будиме со нови извештаи за нови сензации во медиумите, расте гледаноста, а апликациите стануваат сè попопуларни. Иако не можеме да излеземе надвор, сепак треба да се едуцираме, да се информираме, да се грижиме за нас и да се дружиме. Медиумите презедоа многу од овие задачи.
Извор: BBC Compass. Алатка за испитување на „Ипсос“ на различни медиуми кои користат пасивна технолофија за тестирање на медиуми користејќи пасивни MediaCell и RealityMine. База: c.2700 возрасни граѓани во Велика Британија, неделно.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.