Свет

„Ахолд Делез“ вложи повеќе од 170 милиони евра во борба со КОВИД-19

09 Apr 2020

Брендовите на компанијата „Ахолд Делез“ досега издвоија 20 милиони евра за хуманитарни донации.

Компанијата „Аголд Делез“ вложува повеќе од 170 милиони евра за помош и поддршка на сите земји во кои работи, во борба против вирусот КОВИД-19. Овие средства се наменети за здравствените и безбедносните мерки за заштита при работењето, унапредување на условите за вработените и поддршка на локалните заедници преку донации.

Како што се истакнува во соопштението, во сите земји во кои работи, освен основните мерки за превенција, компанијата „Ахолд Делез“ обезбеди дополнителни мерки за заштита на вработените и купувачите, како што се плексиглас заштита на касите и воведе социјална дистанца при пазарувањето.

„Ахолд Делез“ и нашите компании во САД, Европа и во Индонезија преземаат значителни мерки за да обезбедат сигурност за своите вработени, но и за купувачите. Во борбата против пандемијата потребна е поддршка од сите и задоволен сум од тоа што е досега направено. Сакам да ја истакнам храброста, трудот, грижата и тимското работење на вработените и партнерите, изјави Франс Милер, претседател и извршен директор на компанијата.

Од компанијата истакнаа дека досега се издвоени речиси 20 милиони евра за хуманитарни донации, за средствата се наменети за поддршка на локалните Банки ѕа храна, здравствени системи и здравствени објекти за понатамошно истражување на корона вирусот, како и за исхрана на лицата од итната помош во критично загрозените области.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...