Германскиот трговски гигант „Метро“ ќе се фокусира на бизнисот на големо.
Нашето потекло е големопродажбата, таа е и нашата иднина, вели главниот извршен директор Олаф Кох.
Откако продажбата на синџирот хипермаркети „Реал“ на „Икс+брикс“ е речиси завршена и откако „Вумарт“ го презеде мнозинскиот удел во „Метро“ – Кина, германската групација има намера да се врати на основната дејност. По завршувањето на овие продажби, 70% од прометот на „Метро“ ќе бидат од големопродажба.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.