Британскиот весник „Сан“ објави истражување спроведено во Велика Британија во кое експерти тестирале 145 различни пенливи вина без претходно да знаат за цената и за производителот.
Виното Piper-Heidsieck Brut, кое чини 38,8 евра, и префинетото Veuve Clicquot од 41,8 евра биле оценети со највисоки 81%. На третото место е Waitrose & Partners Champagne Brut, кое чини 23,35 евра.
Пенливото вино што се продава во „Лидл“ – Comte de Senneval Brut е оценето со 77% и е меѓу најдобро оценетите вина, иако цената на едно шише изнесува 13,41 евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.