Свет

Цената на лебот во регионот: Најскап во Словенија, најевтин во Косово

06 авг 2019

Цената на лебот е различна во различни делови од светот. Порталот Numbeo направи анализа за тоа каде во светот се продава најевтин, а каде најскап леб, анализирајќи цени на векна бел леб од половина килограм што може да се купи во маркет.

Анализата покажа дела жителите на Норвешка плаќаат најскап леб, по2,67 евра за половина килограм. Просечна цена на една векна бел леб во Исланд е 2,54 евра, додека во Швајцарија таа изнесува 2,47 евра. По повеќе од две евра векна леб чини и во: САД (2,34 евра), Данска (2,30 евра), Јужна Кореја (2,13 евра) и Шведска (2,06 евра).

Од земјите во регионот, најскап леб има во Словенија, 1,13 евра. Просечната цена на лебот во Грција е 0,88 евра. Хрватска е земја каде векна бел леб се продава по 0,83 евра, додека цената во Црна Гора е околу 0,56 евра. Албанија и Босна и Херцеговина имаат иста цена на половина килограм бел леб, по 0,54 евра. Бугарија е 72-ра во светски рамки во којашто белиот леб се продава по 0,51 евра.

На оваа листа, Македонија е 78-ма во светски рамки, со цена на лебот од околу 0,44 евра. Поевтин леб од кај нас се продава во Србија, за 0,39 евра, додека на Косово една векна бел леб чини 0,37 евра.

Белиот леб е најевтин во овие три земји: Алжир (0,14 евра), Узбекистан (0,13 евра) и Тунис (0,10 евра).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...