Гигантот за онлајн продажба, „Амазон“ достигна вредност од илјада милијарди долари на берзата, откако неговите акции скокнаа за 35 отсто.
Вредноста на оваа компанија на берзата има растечки тренд осум последователни трговски сесии, што е најдолг период од јули минатата година. Досега, акциите на „Амазон“ се зголемија за 30 отсто.
Сега компанијата е на второ место по вредност, веднаш зад „Мајкрософт“, која е највредна компанија во светот. На трето место е „Епл“ со вредност од 936 милијарди долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.