Свет

„Шпар“ влегува во Косово

12 Jul 2019

Еден од најголемите трговски синџири во Европа, холандскиот „Шпар интернационал“, најави влез на малопродажниот пазар во Косово.

Тоа е во склад со стратегијата на компанијата за ширење во Европа. 

„Шпар Косово“ е новиот ентитет кој го основа конзорциум од партнери од големопродажбата и малопродажбата на стоки за широка потрошувачка, кои ќе работат во партнерство со „Шпар интернационал“ за на косовските потрошувачи да им испорача премиум производи: приватни трговски марки, меѓународни трговски марки, свежи косовски производи, создавајќи дополнителна можност за локалните добавувачи да го прошират својот пазарен удел. 

Плановите се да се отворат уште три нови маркети во Косово до крајот на 2019 година и уште седум во текот на 2020 година. 

„Шпар“ делува во 13.115 продавници на четири континенти и вработува околу 350.000 луѓе. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...