Британскиот трговски синџир „Теско“ во следните три години ќе отвори 750 продажни места во Тајланд.
Раководството на „Теско“ верува дека оваа азиска земја нуди голем потенцијал поради нејзината млада, урбана и богата популација.
Британскиот трговец првпат влезе во Тајланд во 1998 година, со преземање на удели во тамошниот „Лотус“ центар. Сега, „Теско Лотус“ е еден од најсилните компании надвор од Велика Британија, кој минатата година оствари профит од 71,2 милијарди евра.
Во моментов, во Тајланд има 1.965 „Теско Лотус“ маркети со 46.000 вработени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.