Свет

Групацијата „Шварц“ со продажба од над 100 милијарди евра

14 May 2019

Германската групација „Шварц“, сопственик на трговските синџири „Лидл“ и „Кауфланд“, забележа раст на продажбата од 7,4 отсто во 2018 година и планира да продолжи со големи вложувања. 

Групацијата има продажба од 104,3 милијарди евра во 2018 година, со што првпат ја надмина сумата од 100 милијарди евра. Порастот на продажбата кај „Лидл“ е 8,8 отсто, а кај „Кауфланд“ е 1,6 отсто. По заситувањето на домашниот пазар, „Лидл“ и конкурентскиот германски дисконтен синџир „Алди“ забрзано се шират во други земји, особено во САД и во Велика Британија, каде придобиваат пазарен удел од главните национални играчи. 

Основан во 1973 година, „Лидл“ работи со повеќе од 10.800 маркети во 29 земји, додека „Кауфланд“ има 1.300 маркети во седум европски земји. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...