Германскиот големопродажен синџир „Метро“ лансира нова операција во Мјанмар, и тоа преку виртуелна продавница која им нуди на потрошувачите ефикасен дигитален систем на порачување и испорака на производи.
Складиштето покрива подрачје од 5.800 квадратни метри.
Модерната логистичка инфраструктура е така опремена што може да прими, складира, процесуира и пакува стоки, и сето тоа во согласност со строгите стандради за квалитет и безбедност на храната.
Трговецот нуди асортиман од повеќе од 2.000 прехранбени и непрехранбени производи. Потрошувачите имаат избор да нарачаат преку интернет-страницата на „Метро“ или преку апликација. Испораката е со најсовремени камиони во кои режим за одржување на температурата.
Новиот капацитет овозможи вработување на 150 лица. Од нив, 90 отсто се локални жители.
Покрај ова, „Метро“ организира и обуки за локалните добавувачи на риба и на пилешко месо за безбедност во производството и ракувањето со храната, како и обуки за добра земјоделска пракса за 200 производители на овошје и зеленчук.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.