Свет

„Хенкел“ најави амбициозни цели

05 Sep 2018

„Хенкел“ соопшти дека си постави цел до 2025 година 100% од пакувањата на производите на оваа компанија да можат да се рециклираат и повторно да се користат.

За истиот период „Хенкел“ планира да искористи 35% од рециклираната пластика за својата стока за широка потрошувачка во Европа. 

Компанијата со децении се фокусира на одржливост на амбалажата. Сите пакувања се направени да можат да ги исполнат очекувањата на потрошувачите, при што се користат биоразградливи материјали што лесно се рециклираат. 

Денес, како никогаш порано, особено е важно компаниите, потрошувачите, владите и други организации да го движат напредокот кон циркуларната економија. Можеме добро да живееме со ограничените ресурси на нашата планета само ако рециклираме што повеќе материјали и одново ги користиме. Овој концепт е во центарот на нашиот пристап за одржлива амбалажа, велат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...