Свет

Извозот на кафе од Бразил ќе доцни низ цел свет

30 Aug 2018
Бразилските извозници на кафе се обидуваат да најдат товарен капацитет за да го испорачаат рекордно високото производство од оваа година. Тоа може да го одложи снабдувањето со кафе на цел свет, објави „Ројтерс“. 
 
Поголемиот обем ќе предизвика краткорочно одложување на испораката, но нема да влијае на цената на кафето, која е на минимум веќе 12 години. Извозот на кафе од Бразил ќе доцни низ цел свет.
 
Бразилските производители на кафе годинава очекуваат да добијат рекордни 3,6 милиони кафе за годината, што е значително зголемување над 2,7-те милиони тони во 2017 година. Извозниците велат дека контејнерите немаат капацитет веднаш да го земат огромниот обем на зрна што пристигна во најголемите извозни пристаништа, како што се Сантос и Рио де Женеиро. Тоа значи дека ќе мораат да почекаат до осум недели за да ги извезат своите производи.

Испораките на американскиот увозник на Unique Cofee Roasters,закажани за почетокот на септември, беа одложени за еден месец поради недостигот на бродови. Тоа не е нешто што увозниците можат да го контролираат. Некои од нив велат дека можат да се справат со доцнењето.

И додека продажбата на кафе во Бразил достигна 38 отсто од производството до 7 август, што е зголемување од 4 отсто во однос на истиот период лани, според Safars&Mercado, арапските цени на кафето паднаа главно поради притисокот од слабата бразилска валута.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...