Германиските пиварници и покрај Европското фудбалско првенство минатат година забележаа низок обем на продажбата на пиво. Вкупната продажба е намалена за 1,4 отсто во споредба со 2023 година, на 8,3 милијарди литри, соопшти Федералниот завод за статистика.
Дури и обновениот раст на извозот не успеа да го подобри балансот. Според даночните податоци, продажбата на домашниот пазар е намалена за два отсто, а извозот е зголемен за 1,6 отсто во однос на претходната година. Во статистиката не се вклучени безалкохолните пива, кои не се оданочуваат и со години бележат постојан раст.
Од 2014 година, продажбата е намалена за 13,7 отсто или 1,3 милијарди литри. Ова е воедно и најниско ниво од обединувањето на Германија. Клучните причини се трендовите кон поздрав начин на живот со помалку алкохол, како и стареењето на општеството.
Германското здружение на пивари ја опиша 2024 година како „возење на тобоган “. Додека домашната продажба на пиво растеше за 2,5 отсто до мај, пазарот неочекувано на летото неочекувано премина во минус. Според здружението, на ова влијаеле и временските услови, вклучително и врнежливите периоди во пролетта и летото.
Многу излегувња на пиво буквално пропаднаа, а погодени беа и настаните поврзани со Европското фудбалско првенство. Дождливиот јуни е најлошиот месец за продажба на пиво во споредба со претходната година, со пад од 13,5 отсто, соопшти здружението.
Извор: dpa
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.