Аргентинските власти дозволија цените на стоките и услугите да бидат наведени во долари, според прописот објавен од Министерството за економија.
Освен во пезоси, цените можат да бидат прикажани и во американски долари и други странски валути, се наведува во документот.
Аргентинскиот министер за економија Луис Капуто на социјалната мрежа „Х“ објави дека купувачот ќе може да избере во која валута да плати.
Сепак, нема индикации за курсот по кој цените треба да се изразуваат во долари, пренесува „Срна“.
Во Аргентина има официјални и паралелни курсеви на црниот пазар. Аргентинскиот претседател Хавиер Мили, кој дојде на власт во декември 2023 година, вети политика на „доларизација“ во Аргентина за време на неговата изборна кампања.
Извор: Bankar.me
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.