Британскиот синџир на супермаркети „Ајсланд“ лансира готова храна која го содржи најлутото чили на светот, Pepper X.
Pepper X има 2,69 милиони топлотни единици според Сковиловата скала, што го прави за 53,7% полут од пиперките јалапено. Пиперката, која што ја одгледува Ед Кури, содавач на пиперката Каролина рипер, во 2023 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најлута чили пиперка во светот.
Двете нови готови јадења, Chicken Tikka Masala и Chilli Mac & Cheese, толку се лути што компанијата е првиот супермаркет во Велика Британија што воведе старосна граница за готовите јадења. Ова чили досега беше достапно само во форма на сос.
Нашите купувачи сакаат зачини и секогаш не тераат да ја засилиме жештината! Па така, овој пат развивме асоритман кој нема да ги разочара. Нашиот асортиман Pepper X се разликува од се што претходно сме го понудиле за нашите купувачи. Тој е интензивен, огнен и сигурно не е за оние со слабо срце. Со интензивната топлина доаѓа и голема одговорност, па одлучивме да ја ограничиме продажбата на постарите од 18 години, за да сме сигурни дека само најискусните ентузијасти на зачинот ќе можат да го прифатот предизвикот, изјави Метју Ворсеј, шеф за развој во „Ајсланд фудс“.
Извор: FoodBev
Фото: Iceland Foods
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.