Свет

Германската економија повторно e во рецесија

31 Jul 2024

Германската економија никако да се извлече од кризата. Во вторникот Националниот завод за статистика „Дестатис“ соопшти дека во вториот квартал од годинава германската економија била во блага рецесија.

Статистичарите наведуваат дека бруто домашниот производ бил за 0,1 отсто послаб отколку во периодот од јануари до крајот на март.

Од година во година, споредено со вториот квартал од лани, бдп бил во плус за 0,3 отсто.

Според „Дестатис“ слабата домашна економија се припишува на лошата состојба на глобалната економија, скапите енергенси и слабите инвестиции.

Новото влегување во рецесија следува после кревкото опоравување од 0,2 отсто во првото тромесечје, кое пак дојде после рецесијата во последниот квартал од 2023 година.

Растото од вториот квартал се покажа како „слабокрвен“, оцени Јорг Крамер, главен економист во „Комерцбанк“.

Во најдобар случај, за оваа година домашните економисти и Институти очекуваат слаб пораст.

 

Извор: dpa

Фото: Pexels

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...